MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Архива на вести
Период: Клучни зборови
  Од:   До:   
ВИКЕНДОВ ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ 04.10.2019
Градот Скопје известува дека утре (05.10.2019 година, сабота) во периодот од 19 до 24 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до вкрстувањето со улицата Костурски херои, и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот, поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ“. ...   повеќе
АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР 26.09.2019
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа есенска акција за генерално чистење на општината Чаир. Во оваа акција рачно и машински ќе се мијат и метат главните и сервисните улици, ќе се отстрануваат дивите депонии, а ќе се чистат и дворовите на сите образовни институции во оваа скопска општина. ...   повеќе
ТАЈНИТЕ КУПУВАЧИ ВО ПОТРАГА ПО НАЈДОБРИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ Ве известуваме дека Град 24.09.2019
Ве известуваме дека Град Скопје по дванаесетти пат го поддржува проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Проектот опфаќа таинствено користење на услугите (mystery shopping) во угостителските објекти на подрачјето на градот Скопје. Посетите на објектите од независни и тајни купувачи се со цел да се измери квалитетот на услугата којашто ја даваат угостителските објекти во градот. ...   повеќе
ШИЛЕГОВ: ГАСОВОДНИОТ ПРСТЕН ОКОЛУ СКОПЈЕ Е ЗАВРШЕН, СЕГА Е ВАЖНО ГАСОТ ДА ГО ДОНЕСЕМЕ ДО ГРАЃАНИТЕ 24.09.2019
Градоначалникот Шилегов денеска учествуваше на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“, во организација на Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Како градоначалник на Град Скопје, но и како претседател на ЗЕЛС, Шилегов пред присутните владини претставниц ...   повеќе
ОСЛОБОДЕНИТЕ ПЕШАЧКИ ПОВРШИНИ ВО СКОПЈЕ 24.09.2019
Изминативе две години во Скопје се посветува големо внимание на местото на пешаците во јавниот простор. Се создаваат простори што се безбедни, корисни и проточни. Се поставуваат дрвореди, зеленило и урбана опрема на местата каде што некогаш паркираа возачите. Безбедното пешачење и возење велосипед е врвен приоритет на Град Скопје. ...   повеќе
 
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ...

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13311477