Bin2Grid - Примери на добри практики за претварање на отпадот во биогас/биометан

Во ЕУ, во просек 40% од био-отпадот сè уште се носи на депонии!

Главна закана и влијание на биоразградливиот отпад (вклучувајќи го и био-отпадот) е производството на метан (којшто е многу повеќе потентен како стакленички гас од CO2) во депониите заради неговото распаѓање.Ова претставува сериозен проблем, бидејќи придонесува за околу 3% од вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ-15 во 1995 година. Како резултат на оваа состојба, Директивата за депонии на ЕУ ги обврзува земјите-членки да ја намалат количината на биоразградлив комунален отпад што се носи на депонија, на 35% од нивните нивоа од 1995 до 2016 година. За некои земји овој рок е продолжен до 2020 година.

Ревизија на Рамковната директива за отпад

Комисијата се обидува да ја најде најсоодветната анализа што ќе предложи нови целни вредности за рециклирање на био-отпадот, што треба да биде дел од ревидираната Рамковна директива за отпад.Главна цел е целните вредности за биолошки третман да одат паралелно со силни стимулативни мерки за сепарација на отпадот, бидејќи тоа е единствената опција да се обезбеди квалитет на компостот и дигестатот.

Во 2014 година, Европската комисија ги разгледа целните вредности поврзани со отпадот во Директивата за депонии.Кога станува збор за био-отпад, главните елементи вклучуваат:

  • рециклирање и подготовка за повторна употреба на комуналниот отпад (вклучувајќи го и био-отпадот) да се зголеми на 70% до 2030 година;
  • замена на носењето на депонии до 2025 година со рециклирање (вклучувајќи пластика, хартија, метал, стакло и био-отпад) на отпадот во депониите за неопасен отпад - што одговара на максималната стапка на носење на депонии од 25%
  • мерки за намалување на создаден отпад од храна за 30% до 2025 година;
  • воведување на сепарација на био-отпадот.

Постојат неколку специфични опции за третман на био-отпад (согорување, компостирање и анаеробна дигестија). За жал Директивата за депонии не предвидува посебни опции за третман. Најзначајната придобивка на соодветните опции за третман на био-отпад би било производство на квалитетен компост и енергија во форма на биогас/биометан.Од една страна тоа придонесува за подобар квалитет на почвата, а од друга ја намалува енергетската зависност. За жал, земјите-членки сè уште не ги користат овие две опции како поевтини и полесни опции како што се согорување и депонирање.

Концептот био-отпад во биометан - претставува најдобра стратегија за управување со отпадот, бидејќи овозможува третман на отпадот и истовремено овозможува производство на обновлива енергија. Јасно е дека овој концепт нема да го реши енергетското прашање на Европа, бидејќи ако го конвертирате целиот био-отпад во енергија можеме да задоволиме само 2% од енергетските целни вредности за ОИЕ на ЕУ. Овој концепт треба да се гледа како добра алатка за локалните заедници да ги решат нивните проблеми поврзани со управување со отпадот и во исто време да се зголеми нивната одржливост, економскиот раст и бројот на локални зелени работни места.

Иако отпадот до тековите на биометан, како дел од процедурите за управување со отпадот, сè уште не е нашироко имплементиран во градовите на ЕУ, некои земји и особено некои градови имаат направено значителни напори во таа насока. Можеме да ги сметаме овие градови како предводници, чии напори и амбиција може да им послужи на другите како поттик за спроведување на различни активности поврзани со управувањето со отпадот и производството на енергија. Еден од тие градови е и Виена. Повеќе примери може да се најдат .во Документот со факти за добри практики при надградба на биогас

Виена - добра практика за претварање на отпадот во биогас/биометан

Во 2014 година, собрани беа околу 70.000 тони био-отпад од кантите за органски отпад и 8.000 тони отпад храна од големи кујни и ресторани.Помалку од една третина од оваа фракција се користише за производство на биогас, додека главниот дел сè уште се компостира.

Biogas production Во постројката за биогас био-отпадот од Виена, кој е погоден за ферментација, се претвора во енергија. На годишно ниво се обработуваат околу 22.000 тони био-отпад. Овој отпад се состои од 10.000 тони отпад од канти за органски отпад и 12.000 тони отпад од храна од големи кујни и ресторани, отпад од пазарите и храна со поминат рок. Системот може да се прошири со втора фаза со капацитет од 34.000 тони/годишно.

(Pictures: City of Vienna/WKU)

Биогас надградба

Биогасот произведен во постројката за биогас служи како влезен материјал во капацитетот за надградба. Со цел биометанот да се внесе во мрежата на природен гас, потребно е да се оддели јаглеродот диоксидот и помали фракции на другите гасови од метанот содржан во биогасот. Оваа сепарација се прави со современ процес на сепарација со мембрана.Ова осигурува дека од биогас со средна содржина на метан (CH4) од 64% се добива скоро чист биометан со содржина на метан од 99%.

Употреба на Биометанот

По контрола на квалитетот, биометанот се компресира на притисок до 70 bar, а потоа се внесува во локалната мрежа за природен гас. Надградбата од биогас во биометан за понатамошно внесување во мрежата за природен гас има особено добиено на значење последниве години за градот Виена и нуди многу предности. Биометанот е комплетна замена за природниот гас, така што е покриен целиот спектар на употреба на природен гас. До повеќе од 900 домаќинства во Виена се испорачува биометан од постројката за биогас во Simmering.