Сектор за комунални работи
I СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за комунални работи:
- врши работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води;
- управувањето со отпадот;
- одржувањето и користењето на парковите, парк-шумите, спортско-рекреативните зони и другите заштитени подрачја;
- одржувањето на зеленилото на јавните и сообраќајни површини;
- снабдување со природен гас и топлинска енергија;
- категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади мостови и други инфраструктурни објекти;
- одржување на гробишта;
- дезинсекција и ерадикација на животните скитници;
- изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на Градот Скопје и други комунални работи утврдени со оваа одлука;
- ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III КОНТАКТ
Раководител на сектор за комунални работи: | Кочо Стојчески |
Телефон: | 3297 241, 3297 283 |
е-мail: | Kocho.Stojcheski@skopje.gov.mk |
Работно време: | 08.30-16.30 часот
|
Помошник раководител на сектор за комунални работи: | Драги Митковски |
Телефон: | 3297 241, 3297 283 |
е-мail: | Dragi.Mitkovski@skopje.gov.mk |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
IV СЕРВИСИ
Комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води:
ги следи и ги анализира состојбите во областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води и предлага мерки за нивно унапредување;
подготвува предлог среднорочна и долгорочна стратегија за развој на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води во Градот Скопје;
ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на Градот Скопје;
одведување и пречистување на отпадни води;
одведување и испуштање на атмосферски води;
обработка и испорака на технолошка вода;
ја следи работата на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансискиот план и годишната сметка и други информации доставени од ЈП „Водовод и канализација“;
обезбедува вршење на работите поврзани со регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на Одделението за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води: | Тони Костов |
Телефон: | 3297 241, 3297 390 |
е-мail: | |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на комуналната хигиена и одржувањето и користењето на паркови и зеленило:
ги следи и ги анализира состојбите во областа на одржувањето и користењето на парковите и зеленилото и предлага мерки за нивно унапредување;
- ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини;
одржување и користење на градските паркови (Градскиот парк, Паркот „Жена Борец“), парк-шумите на подрачјето на градот Скопје (Парк-шумата Водно, Парк-шумата Гази Баба), водните и спортско-рекреативните зони (рекреативна зона Водно-Сарај-Матка и спортско-рекреативни површини) и заштитените подрачја;
одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на Одделението за комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило: | Емил Дуровиќ |
Телефон: | 3297 241, 3297 390 |
е-мail: | Emil.Durovik@skopje.gov.mk |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Комунални работи од областа на комуналната хигиена
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на комуналната хигиена:
ги следи и ги анализира состојбите во областа на комуналната хигиена и предлага мерки за нивно унапредување;
го подготвува предлог планот за управување со отпадот на Градот Скопје, предлог годишните програми за управување со отпадот и годишните извештаи за спроведување на програмата за управување со отпадот;
предлага проекти и дава предлози за инвестициони зафати за подобрување на општата состојба со управувањето со отпадот;
ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид неопасен отпад;
одржување на депониите за комунален и друг вид неопасен отпад;
одржување на јавната чистота и грижа за напуштениот отпад;
ја следи работата на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Дрисла“, основани од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на нивната работа;
во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Дрисла“;
одржување на гробиштата „Бутел“ и давање погребални услуги на градските гробишта;
снабдување со природен гас и топлинска енергија;
дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје;
ерадикација на животните скитници;
определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување;
украсување на Градот Скопје со знамиња;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за категоризација, нумерирање на инфраструктурни објекти:
- категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- подготовка на предлог листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и прибавува согласност од Влада на РМ и мислења од општините во Градот Скопје;
- ги подготвува одлуките за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и го организира и го следи поставувањето на таблите со имињата на улиците, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и нумерирањето на објектите со броеви;
- издава податоци за бројот на објектот потребни за добивање одобрение за градење;
- изготвува анализи и милења на предлог урбанистичките планови на подрачје на градот Скопје;
- ја организира и ја води автоматизираната евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и за броевите за нумерирање на објектите;
- учествува во изработката на ГИС и на проекти од областа на ГИС;
- издава податоци од автоматизирана евиденција (уверение за точна адреса).