|
| I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје” бр. 12/2005) Секторот за сообраќај:
ги врши работите на планирање и развој на сообраќајот во Градот Скопје; утврдување на условите и режимот на сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје; уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници и авто-такси сообраќајот; изградбата, одржувањето и користењето на јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје; остварува соработка со надлежните органи од областа на сообраќајот; ги следи возилата од јавен превоз со автоматскалокација на возила (АЛВ); врши контрола на почитувањето на регистарот налинии и возни редови;
ја следи работата на Јавното сообраќајнопретпријатие „Скопје“ (ЈСП);
III. КОНТАКТ Помошник раководител на Секторот за сообракај: | Зоран Дамјановски | Телефон: | | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
IV. СЕРВИСИ |
Планирање и развој на сообраќајот | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за планирање и развој на сообраќајот: ги следи и анализира состојбите во областа на сообраќајот во Градот Скопје и предлага мерки за нивно унапредување, преку изготвување на предлог годишни, среднорочни и долгорочни планови за развој и управување со сообраќајот во Градот Скопје; врши анализа на податоците за режимот и протокот на сообраќајот; предлга проекти и решенија за примена на технички иновации и технологија за безбедно одвивање на сообраќајот и предлози и решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје; во координација со Одделението за контрола на сообраќајната сигнализација и утврдените режими на сообраќај, изготвува предлог годишна програма за изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и собирни улици и други инфраструктурни објекти и се грижи за нејзината реализација; изготвува проектни задачи за сообраќајни проекти и студии; врши анализа на состојбата со стационарниот сообраќај и анализа за степенот на искористеност на јавните гаражи и паркиралишта; дава предлози за организација на стационарниот сообраќај на јавните сообраќајни површини; изготвува предлог програма за изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за Градот Скопје, утврдени со урбанистички план и се грижи за нејзината реализација; врши работи од областа на уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
| II. КОНТАКТ Раководител на одделението за планирање и развој на сообраќајот: | Александар Крстески | Телефон: | 3297 311 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| | | Контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај: ги утврдува условите и режимот на сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје во согласност со надлежното министерство; обезбедува поставување, замена, отстранување и одржување на сообраќајните знаци и заштитната опрема на локалните патишта и улици; подготвува решенија, мислења и согласности за сообраќајни планови, елаборати и проекти; ја следи работата на јавните претпријатија основани од Градот Скопје: ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“ и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на нивната работа; во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, за финансиските планови и годипните сметки и за други информации доставени од ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“, основани од Градот Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Советник за режим на сообраќај: | Даниел Павлески | Телефон: | 3297 313 | е-мail: | | Работно време: | 08.00-16.00 часот |
| | Издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот: ги подготвува предлозите на прописи и поединечните акти што врз основа на закон ги донесува Советот на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје во областа на превозот во патниот сообраќај; врз основа на барање од правни и физички лица што вршат превоз на патници, ги подготвува лиценците за линиски превоз на патници во Градот Скопје; врз основа на барање, ги подготвува лиценците за авто-такси превоз на патници; ги подготвува дозволите за определена линија за вршење линиски превоз на патници; врши регистрација на возен ред за определена линија за линиски превоз на патници; ги подготвува дозволите за посебен линиски превоз на патници (превоз на работници, ученици, корисници на аеродром, итн.) за подрачјето на Градот Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделение за издавање на лиценци и дозволи: | Марјан Крковски | Телефон: | 3207 548 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Горе |
|
|
|