1. За изградба на објекти на неизградена градежна парцела;
o Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
o Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канализација - Скопје
- Топлификација АД -Скопје
2. За изградба на објекти на изградена градежна парцела;
o Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
o Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канлизација - Скопје
- Топлификација АД - Скопје
o Доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште за постоечки објект
§ Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е изграден пред 1968 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба (заверени од надлежните институции)
§ Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е доградуван, надградуван пред 1976 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба. (заверени од надлежните институции)
НАПОМЕНА: Во предвид се земаат нето површини од постоечкиот објект кои се во рамките на маркицата предвидена со ДУП, пресметани по правилникот за степен на уреденост на градежно земјиште кој е во сила.
3. За пренамена на површини.
o Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
o Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
НАПОМЕНА: Согласно програмата за уредување на градежно земјиште, не се наплатува пренамена на деловен во станбен простор.
|