ДОЗВОЛА за вонреден превоз Сектор: Одделение: | за сообраќај за контрола на сообраќајната сигнализација и утврдени режими на сообраќај | Одговорно лице: | Здравко Петровски Томислав Бенедети | Телефон: | 3217 010 | е - мail: | / | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Опис и тек на постапката во чекори: - За вонреден превоз, Секторот за сообраќај издава Дозвола врз основа на Согласност на Министерството за внатрешни работи.
- Оваа Дозвола се издава за возила што не ги исполнуваат пропишаните услови, во поглед на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување и кои со своето учество во сообраќајот ја загрозуваат безбедноста или значително го попречуваат одвивањето на сообраќајот и истата е со ограничено време на важност, a се однесува за во границите на подрачјето на Градот Скопје, утврдено со Законот за Градот Скопје (“Сл. весник на РМ“бр. 55/2004).
- За обезбедување на оваа Дозвола, барателот како правно или физичко лице, доставува Барање преку Архивата на Градот Скопје (барака 16) со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари. Со барањето, барателот доставува План на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500, фотокопии од сообраќајната дозвола на возилото и доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.
- По разгледување на целокупната доставена документација, Секторот за сообраќај преку својата архива со допис ја доставува до МВР - СВР, Одделение за БПС, согласно законските прописи за нивно произнесување, односно за прибавување на Согласност.
- Веднаш по добивање на Согласноста, овој Сектор изготвува Дозвола и заедно со целокупната горе наведена документација ја доставува за потпис и печат.
- На крајот, постапката завршува со допис. Се доставува Дозволата на адреса на барателот, за понатамошна реализација.
|
Потребни документи: Барање со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари; План на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500; Фотокопија од сообраќајната дозвола на возилото; Доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.
НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон. | Рокови за постапката | од 2 до 4 работни дена. НАПОМЕНА: Во дефинираниот број на денови не влегуваат и деновите потребни за прибавување на Согласност од МВР-СВР. | Документ/акт што граѓанинот го добива | Дозвола за вонреден превоз, согласно член 155 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Сл. весник на РМ“ бр.14/98, 38/2002, 38/2004 и 109/2005) |
Горе __________________________________________________________________________ РЕШЕНИЕ за утврдена даночна основа за данок на промет на недвижности Сектор: Одделение: | за финансии за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок | Одговорно лице: | | Телефон: | | е - мail: | | Работно време: | 09.00-15.00 часот |
Опис и тек на постапката во чекори: 1. Поднесување на даночна пријава на шалтер 1 и 2 на Град Скопје барака 16. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 300,00 денари; 2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон; 3. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја врши Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот, по претходно потпишан Записник во барака бр. 16 во соба бр.1; увид на лице место; 4. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на промет на недвижности; 5. Решението за данок на промет на недвижности се подига од шалтер бр.5 проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 ден; 6. Против ова Решение може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на прием на Решението. Жалбата преку Градоначалникот на Град Скопје се поднесува до Министерството за финансии таксирана со 250,00 ден административна такса. |
Потребни документи: 1. Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (законски пропишана форма); 2. Договори за купопродажба( број на примероци наведени во договор или нотарски акт); 3. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост); 4. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката. | Рокови за постапката | најдоцна во рок од 1 месец, ако со посебен пропис не е определен пократок рок (чл. 221 став 1 од ЗОУП) | Документ/акт што граѓанинот го добива | Решение за утврдена даночна основа за данок на промет на недвижности |
____________________________________________________________________________ РЕШЕНИЕ за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок Сектор: Одделение: | за финансии за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци | Одговорно лице: | | Телефон: | 3297 280 и 3297 275 | е - мail: | | Работно време: | 09.00-15.00 часот |
Опис и тек на постапката во чекори: 1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок на шалтер 1 и 2 на Град Скопје во барака бр.16. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 50,00 денари; 2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон; 3. Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот кои наследниците, односно примателите на подароци ги наследуваат, односно примаат врз основа на Законот за наследување, односно договорот за подарок (втор и трет наследен ред); 4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја врши Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот, по претходно потпишан Записник во барака бр. 16 во соба бр.1 извршен увид на лице место; 5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на наследство и подарок; 6. Решението за данок на наследство и подарок се подига од шалтер 11 проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари; 7. Против ова Решение може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на прием на Решението. Жалбата преку Градоначалникот на Град Скопје се поднесува до Министерството за финансии таксирана со 250,00 ден. административна такса. |
Потребни документи: 1. Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок (законски пропишана форма); 2. Договор за подарок (број на примероци наведени во договор или нотарски акт); 3. Наследно (судско) решение во 3 примероци (1 оригинал и 2 фотокопии заверени кај нотар); 4. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост); 5. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката. | Рокови за постапката | најдоцна во рок од 1 месец ако со посебен пропис не е определен пократок рок (чл. 221 став 1 од ЗОУП ) | Документ/акт што граѓанинот го добива | Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок (втор и трет наследен ред) | | |
Сите потребни информации за данок на промет, населдство и подарок може да се добијат во барака 16 на шалтер 1,2 и 5 или во соба бр. 3 тел: 3297-352 и 3297-263 Горе ____________________________________________________________________________ РЕШЕНИЕ за данок на имот Сектор: Одделение: | за финансии за утврдување и наплата на данок на имот | Одговорно лице: | Анита Наков | Телефон: | 3207-528 | е - мail: | | Работно време: | 09.00-15.00 часот |
Опис и тек на постапката во чекори: 1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот барака 16 на шалтер 3 на Град Скопје .Изготвените решенија за данок на имот се подигаат на шалтер 7 во Град Скопје; 2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон; 3. Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04); 4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја врши Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот; 5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот; 6. Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник –лично или по пат на пошта. |
Потребни документи: 1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма); 2. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост); 3. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката. 4. Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат во барака 16 на шалтер 7 Град Скопје или на тел. (02)3297-263 - Тања Митровска | Рокови за постапката | Решението за висината на данокот на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот (законски рок) | Документ/акт што граѓанинот го добива | Решение за утврден данок на имот |
|