СОГЛАСНОСТ за користење на јавни и зелени површини Сектор: Одделение: | за комунални работи. за комунални работи од областа на комуналната хигиена и одржување и користење на паркови и зеленило | Одговорно лице: | Виолета Николовска | Телефон: | 3297 392 | е - мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот | | |
Опис и тек на постапката во чекори: 1. Поднесување на барање за користење на јавни и зелени површини со адреса на локацијата за која се поднесува барањето, потребната површина во m2, денови на користење, времетраење, (ЕМБГ) даночен број и жиро сметка на корисникот, адреса и телефон за контакт на барателот. | |
Потребни документи: - Барање со адреса и телефон на барателот;
- Жиро сметка и даночен број на барателот.
| Рокови за постапката | 7 дена | Документ/акт што граѓанинот го добива | СОГЛАСНОСТ за користење на јавни и зелени површини |
______________________________________________________________________ РЕШЕНИЕ за категоризација на угостителски објекти Сектор: Одделение: | за локален економски развој за занаетчиство, угостителство и трговија | Одговорно лице: | Билјана Стојмановска | Телефон: | 3297 - 284 | е - мail: | | Работно време: | 08:30-16:30 часот | | |
Опис и тек на постапката во чекори: 1. Подигнување и поднесување на барање за категоризација на угостителски објекти на шалтер во архивата на Град Скопје или во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, во барака бр.6, канцеларија бр.1. Барањето за категоризација на угостителски објекти се наоѓа и на официјалниот портал на Град Скопје (Е-сервиси Формулари). Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со уплата на административна такса согласно законот за административни такси (тарифен број 1 и тарифен број 2). 2. На самото барање треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон. 3. Одговорно лице кое го изготвува решението за категоризација е Билјана Стојмановска во Секторот за локален економски развој. 4. Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 2 и 50,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 1, со уплата на посебни сметки, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00. 5. Решението за категоризација се подигнува во барака бр.6, канцеларија бр.1 во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 1500,00 денари за трошоци за постапка, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00. 6. За извршената категоризација комисијата донесува решенија во рок од 15 дена од поднесувањетона барањето. 7. Против ова решение може да се изјави жалба преку Градоначалникот на Град Скопје (Комисија за категоризација на угостителски објекти) до Министерството за економија во рок од 15 дена од денот на приемот. Потребни документи:
Барање за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти; Копија од решение за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност издадено од општината; Договор со туристичка агенција;
Доказ за сопственост на угостителскиот објект; Сите потребни решенија за дозвола за работа.
Горе |