MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Е-Сервиси по азбучен ред „П“

 

__________________________________________________________________________

 

СОГЛАСНОСТ за влегување на возила во парк шума Водно

 
Сектор:
Одделение:
за комунални работи.
за комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило.
Одговорно лице:
Марија Стојановска
Телефон:
3297 392
е-маил:
Работно време:
08.30-16.30 часот
   
ОПИС И ТЕК НА ПОСТАПКАТА ВО ЧЕКОРИ:
 
1. Поднесување на барање во архива, со опис на локацијата која ќе се користи, како и потребата за која се однесува 
2. Според условите за кои се бара согласноста, дополнителни информации може да добиете во Секторот за комунални работи        
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
  • Регистрација на фирма од Централен регистар;
  •  Копија од сообраќајна дозвола на возилото;
  • Уплатница од 250 денари 
Рокови за постапката
7 дена
Документ/Акт што граѓанинот го добива
Согласност за движење
 
____________________________________________________________________________
 
 
  РЕШЕНИЕ за поврат и пренасочување на погрешно уплатени даноци и такси
 
Сектор:
Одделение:
 за финансии
 за материјално и финансиско сметководство
Одговорно лице: 
 Сунчица Василевска
Телефон:
 3297 353
е - мail:
Работно време:
 08.30-16.30
Опис и тек на постапката во чекори:
1.        Се поднесува барање до Архивата на Град Скопје (барака бр. 16) со потребната документација за поврат или пренасочување на погрешно уплатени даноци и такси. Барањето може да биде напишано рачно или пак може да се земе образец-барање од одговорното лице. Поднесувањето на барањето за поврат на средства на име уплатен данок е проследено со уплата на административна такса според Законот за административни такси во износ од 250,00 ден. приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50. Барањето за пренасочување на уплатени средства не е проследено со уплата на административна такса;
2.         Доколку барањето е прифатено, секој четврток од неделата се упатуваат до Секторот за трезор, од каде што се врши поврат или пренасочување;
3.        Доколку барањето е одбиено странката се известува по писмен пат.  
Потребни документи:
1.        Барање за поврат на средства на име уплатен данок / Барање за пренасочување на уплатени средства;
2.        Фотокопија од уплатница (оригинал);
3.        Решение или предмет;
4.        Фотокопија од лична карта;
5.        Фотокопија од тековна/штедна книшка (за барање за поврат на средства на име уплатен данок);
6.        ПП 50 на име- Административна такса за списи и дејствија на уплатна сметка 840-185-03182, приходна шифра 722315 програма 00.
Рокови за постапката
7 дена или во зависност од правната сложеност на предметот
Документ/акт што граѓанинот го добива
Решение за поврат на средства на име уплатен данок
Решение за пренасочување на уплатени средства
 

  ПРАВИЛНИК за формата и содржината на барањето заради неиздадена дозвола односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола
 
Врз основа на член 41 став (26) од Законот за јавните патишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11 и 53/11), министерот за транспорт и врски, донесе
 
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАДЕНА ДОЗВОЛА ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА 
    ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздадена дозвола недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола во рокот утврден согласно член 41 став (4) од Законот за јавните патишта.
 
Член 2
Барањето од член 1 од овој Правилник се поднесува на образец „Барање заради неиздадена дозвола односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола“ во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.
Образецот содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, место за број и датум, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице - подносител на барањето, седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице - подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето и место за потпис на подносителот на барањето.
Кон барањето од став 1 на овој член се поднесува копие од барањето за издавање дозвола.
 
 
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
 
Бр. 01-7283/1                                                                                     Министер,
25 мај 2011                                                                                 Миле Јанакиевски,с.р.
година                                                                                                                           
 

1. Барање заради неиздадена дозвола недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола


ПРАВИЛНИК за формата и содржината на известувањето за недостасување на решение по поднесена жалба
 
Врз основа на член 72 став (23) од Законот за јавните патишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11 и 53/11), министерот за транспорт и врски, донесе
 
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА НЕДОНЕСУВАЊЕ 
      НА РЕШЕНИЕ ПО ПОДНЕСЕНА ЖАЛБА
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на известувањето за недонесување на решение по поднесена жалба во рокот утврден согласно член 72 став (21) од Законот за јавните патишта.
 
Член 2
Известувањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец „Известување за недонесување на решение по поднесена жалба“ кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.
      Образецот е со формат А 4 во бела боја кој содржи: назив на органот до кој се поднесува известувањето,
место за број и датум, во средишниот дел назив на известувањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице - подносител на известувањето, седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице - подносител на известувањето, краток опис поради што се поднесува известувањето и место за потпис на подносителот на известувањето.
 
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
 
Бр.01-7286/1                                                                                          Министер,
25 мај 2011                                                                                      Миле Јанакиевски година                                                                                                                          ,
Скопје                                                                                                                               
 

1. Известување за недонесување на решение по поднесена жалба

 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13538510