Сектор за заштита на животната средина и природата |
|
Сектор: Заштита на животната средина и природата | I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 14 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за заштита на животната средина и природата: ги врши работите поврзани со заштитата, преземањето мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на Градот Скопје; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши и други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за заштита на животната средина и природата: | Цветанка Икономова - Мартиновска | Телефон: | 3297 301 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник - Раководител на водител на Секторот за заштита на животната средина и природата: | Љиљана Ончевска - Наџинска | Телефон: | 3297 302 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
IV. СЕРВИСИ |
Квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатските промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 14 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за квалитетот на амбиентниот воздух, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење: ја подготвува предлог програмата за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и ја организира постапката за учество на заинтересираните субјекти во подготовката и усвојувањето на програмата; го подготвува предлог акциониот план за зоните и агломерациите кадешто има реален ризик од надминување на пропишаните гранични вредности за квалитет или често има појава на надминување на прагот на алармирање за определена загадувачка супстанција; ги подготвува годишниот извештај за спроведување на програмата и извештајот за спроведување на акциониот план, што се доставуваат до надлежното министерство; се грижи за објавување на програмите и акционите планови; предлага преземање на други мерки за управување со квалитетот на амбиентниот воздух и мерки и активности за подобрување на општата состојба на подрачјето на Градот Скопје; предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на Градот Скопје; изготвува и предлози на други прописи и акти од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во негова надлежност; во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Помошник - Раководител на водител на Секторот за заштита на животната средина и природата: | Лилјана Ончевска-Наџинска | Телефон: | 3297 302 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| Горе |
Заштита и спречување од загадување на водата и земјиштето | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 14 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата: предлага мерки за мониторинг на квалитетот на водата за пиење, како и за спречување на загадувањето на водата за пиење; предлага мерки за одржливо користење на изворите на вода за пиење, намалување и отстранување на ризикот за нивно загадување и преземање на соодветни превентивни мерки во согласност со закон; ги подготвува предлозите за прогласување на заштитено подрачје; ги подготвува предлозите на планови за управување со заштитено подрачје; стручно ги обработува и дава мислење во постапката на подготовка на развојните стратешки, плански и програмски документи што ги донесува Советот на Градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз природата; ги подготвува со закон дефинираните категории податоци заради заштита на природата што мора да се содржат во документите за уредување и користење на просторот; во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Контакт лице: | | Телефон: | 3297 302 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| Горе |
|
|
|