Сектор за меѓународна соработка |
|
Сектор: Меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации | I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации: врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје; предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации: | Ловрен Маркиќ | Телефон: | 3297 235 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
Меѓународна соработка | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за меѓународна соработка: подготвува годишна и среднорочна програма за соработка со збратимените градови на Градот Скопје; во координација со другите сектори во рамки на градската администрација ги реализира проектите од областа на соработката со збратимените градови на Градот Скопје; врз основа на предлозите и иницијативите од другите сектори во рамки на градската администрација, поднесува предлог-проекти за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областите од надлежност на Градот Скопје; ја координира работата на проектните тимови за реализација на проектите кои се финансираат од странски и меѓународни донатори и организации и учествува во подготовката на извештаите, евалуациите и друга документација која се поднесува до странските/меѓународни донатори и организации; во координација со другите сектори во рамки на градската администрација, иницира, координира и учествува во реализацијата на проектите кои се финансираат со кредити/заеми од странски или меѓународни финансиски организации; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за меѓународна соработка: | Мери Костовска | Телефон: | 3297 286 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| | | Соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации: врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје; предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
| | |
Одделение за европска интеграција I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 11 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и15/07). Одделението за европска интеграција: Ги следи активностите поврзани со европските процеси; обезбедува информации на Град Скопје за европските политики кои се во тек на дефинирање; предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на градската администрација согласно со европското законодавство. учествува и организира тркалезни маси и конференции кои се однесуваат на развојот на локалното законодавство. помага во ефективно усвојување на европските структурни фондови преку лесен достап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништво; врши и други работи што ќе му бидат доверени;
| |
|
|
|