Сектор за информатички технологии и модернизација |
|
Сектор: Информатички технологии и модернизација | I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторотот за информатички технологии и модернизација: врши работи поврзани со развојот на информациониот систем на Градот Скопје, развојот на Географскиот информационен систем (ГИС) на Градот Скопје, администрирањето и одржувањето на информатичко-технолошката инфраструктура на Градот Скопје; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за информатички технологии и модернизација: | Оливера Јакшиќ - Транталовска | Телефон: | 3297-345 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник Раководител на Секторот за информатички технологии и модернизација: | Лазо Петрушевски | Tелефон: | 3297-397 | e-маil: | lpetrusevski@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот
|
|
Развој на информациониот систем на Град Скопје | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за развој на информациониот систем на Град Скопје: ги следи меѓународните искуства на полето на примената на новите технологии и модернизацијата на локалната самоуправа; предлага и реализира стратегија за воведување информациски технологии во градската администрација; предлага и реализира стратегија за безбедност на информациите во информациониот систем на Градот Скопје; го планира, развива, проектира и реализира информациониот систем на Град Скопје; ја планира, развива и проектира информатичко-комуникациската инфраструктура на Градот Скопје; во соработка со Одделението за човечки ресурси, планира, организира и реализира обука за вработените во градската администрација за примена на информатичко-комуникациската технологија; во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областите на информатичкото општество и е-управа; обезбедува проектен менаџмент за информатички и е-управа проекти (дефинирање, планирање, учество во имплементацијата и евалуација); врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за развој на информационен систем: | Марија Караџин - Попова | Телефон: | 3297 343, 3297 261 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| | Горе | Географски информационен систем (ГИС) | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за географски информационен систем (ГИС): предлага и реализира стратегија за воведување на ГИС на Градот Скопје; врши планирање, проектирање, развој и интегрирање на ГИС на Градот Скопје; изготвува и воведува приоритетни ГИС потсистеми; го организира и поддржува обезбедувањето и одржувањето на информациската основа (геодетска и адресна подлога) на ГИС на Градот Скопје; врши дигитализација на податоци и информации од интерес за Градот Скопје; врши координација на податоци и информации со други надлежни органи и институции од интерес на ГИС на Градот Скопје; дефинира и воведува стандарди од интерес на ГИС на Градот Скопје; во соработка со Одделението за човечки ресурси, организира и реализира обука за техничката и програмската платформа на која ќе се развива ГИС на Градот Скопје и обука за користење на ГИС на Градот Скопје; учествува во планирањето, управувањето и реализацијата на меѓународни проекти во областа на географските информациони системи; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за географски информационен систем (ГИС): | Михаел Водеб | Телефон: | 3297 356, 3297 261 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Горе
| Информатичко-комуникациската инфраструктура | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за информатичко-комуникациската инфраструктура: врши организирање, имплементирање и одржување на информатичката и комуникациска инфраструктура на Градот Скопје; врши системско администрирање на информатичката и комуникациска инфраструктура на Градот Скопје; обезбедува оптимален режим на работа на информациониот систем на Град Скопје; обезбедува сигурност и заштита на податоците, информациите и документите во информациониот систем на Град Скопје; го дефинира и обезбедува овластеното користење на информациониот систем на Град Скопје; води база на податоци за информатичко-комуникациската опрема, лиценци, гаранции и сервисирање; обезбедува администрација и техничка поддршка и одржување на порталот и веб страницата на Градот Скопје; обезбедува help desk функција за сите учесници во информациониот систем на Град Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за информатичко-комуникациска инфраструктура: | Никола Трајковски | Телефон: | 3297 343 | е-мail: | Nikola.Trajkovski@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| Горе |
|
|
|