ја остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби што се во надлежност на Градот Скопје;
организира прес-конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со портпаролот и градоначалникот на Град Скопје;
подготвува соопштенија за јавноста;
го координира прибирањето на информациите од одделните сектори во рамки на градската администрација, Советот на Градот Скопје, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби во надлежност на Градот Скопје;
оперира со отворената линија за новинари и ги подготвува писмените/усни одговори на нивните прашања;
го подготвува дневниот клипинг и го брифира градоначалникот на Град Скопје;
оперира со отворената телефонска линија за граѓаните и го координира подготвувањето на одговорите на нивните прашања со другите сектори во рамки на градската администрација и јавните претпријатија и служби во надлежност на Градот Скопје;
го организира Граѓанскиот форум за реализација на директните средби на граѓаните со градоначалникот на Градот Скопје;
го организира и ги дефинира информациите за веб страницата на Градот Скопје;
го врши приемот на претставките и предлозите од граѓаните за работата на органите на општината и градската администрација и го координира доставувањето на образложени одговори на подносителите на претставките и предлозите и доставувањето на претставките и предлозите кои што не се однесуваат на работите од надлежност на Градот Скопје до соодветниот надлежен орган;
спроведува анкети и организира јавни трибини при изготвувањето на определени прописи и стратешки и развојни документи на Градот Скопје;
спроведува анкети за мерење на ставот на граѓаните за определени прашања и проблеми во Градот Скопје;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.