|
| I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за општи работи: ги врши работите на управување со човечките ресурси во градската администрација; реализација на јавните набавки; протоколарни, преведувачки и стручно-административни работи за потребите на Советот и градоначалникот на Градот Скопје; обезбедување на лица и деловните простории на Градот Скопје; одржување на хигиената; одржувањето и користењето на возниот парк и други помошни работи за потребите на Советот и градоначалникот на Градот Скопје и градската администрација; ја координира својата работа со секторите во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за општи работи: | Никола Илиев | Телефон: | 3297 271 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
| Јавни набавки | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за јавни набавки: во законски утврдениот рок, подготвува предлог годишен план за јавните набавки по видови на стоки, услуги и работи; ги подготвува предлог одлуките за потреба од јавна набавка; ги подготвува огласите за јавни набавки и ги објавува во согласност со закон; во координација со надлежните сектори, учествува во подготовката на документацијата за јавни набавки; го води регистарот на постапките за јавни набавки и ги доставува податоците до Бирото за јавни набавки; дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки; подготвува предлог одлука за избор/не избор на најповолен понудувач или поништување на повикот за јавна набавка; го подготвува известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик; подготвува извештаи за потребите на органите на Градот Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Одделение за јавни набавки: | Ели Манчевска | Телефон: | 3297240 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
| Горе | | | Стручни и стручно-административни работи | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за стручни и стручно-административни работи: обезбедува писмен, устен и симултан превод за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје на албански и други светски јазици; ги врши протоколарните работи за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје; врши лектура на прописите, материјалите, информациите и другите документи за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје и градската администрација; врши работи од областа на заштитата и спасувањето во согласност со закон; ракува со документите на Градот Скопје и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија; го организира вршењето на секретарските работи; ја врши доставата и приемот на писма и други материјали и пратки; се грижи за планирање на набавка и распредлба на канцелариски и друг потрошен материјал; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ | | Телефон: | 3297271 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
Горе | | Помошни работи | | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за помошни работи: го врши обезбедувањето на деловниот објект на Градот Скопје и лично обезбедување на градоначалникот на Градот Скопје; врши превоз за потребите на градоначалникот и градската администрација; ја одржува хигиената во деловниот објект на Градот Скопје; врши угостителски работи за потребите на органите на Градот Скопје; врши печатење и фотокопирање на материјали; врши работи на ситни поправки и одржување во деловниот објект на Градот Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
| Горе |
|
|
|