MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Трифун Костовски

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
2005 - 2009

ТРИФУН   КОСТОВСКИ

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

  • Дата на раѓање: 27 декември 1946, Скопје
  • Статус: женет, три деца

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје
  • Говори англиски, полски, руски и српско-хрватски јазик

СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА

  • Член на Бордот на Меѓународната кризна група (МКГ)
  • Корпоративен член на Советот за надворешни работи на САД
  • Корпоративен член на Глобалната бизнис коалиција за борба против СИДА
  • Член на Советодавното бизнис тело, работен состанок II на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа
  • Член на Парламентарното собрание на ЦЕИ
  • Основач и член на Форумот за Македонија 2001
  • Основач и член на Форумот за евроатланска интеграција на Република Македонија (ФЕИМ)
  • Основач и член на Граѓанското движење на Македонија
  • Претседател на Ракометната федерација на Македонија

ПРИЗНАНИЈА И АКТИВНОСТИ

    • Добитник на наградата “Климент Охридски” за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност (2004)
    • Основач на Фондацијата “Трифун Костовски” во рамките на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
    • Функцијата на фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публакации и уметнички колекции од национален интерес
    • Ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица”, заштитничката на Скопје
    • Сопственик на ракометниот клуб “Кометал Ѓорче Петров“ кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција
    • Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал“
    • Спонзор на “Пелистер Кометал“, повеќекратен државен шампион во ракомет во машка конкуренција
    • Основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија
    • Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања
    • Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници
    • Спонзорирање на заштитата и обновата на културно - историски споменици
    • Спонзорирање на светилишта на Македонската православна црква. Има помогнато во санацијата на “Св. Софија” во Охрид и “Св. Пантелејмон” во Велес, на конаците на “Св. Јован Бигорски”. Има донирано во црквите “Св. Трифун” во Кучково, “Св. Петар и Павле” во Јурумлери, Скопско, ”Св. Климент и Св. Петка” во Штип, Соборниот храм “Рождеството на Света Богородица Трорачица” во Крива Паланка. Во овој контекст треба да се спомене и помошта за џамијата во Центар Жупа.  
    • Донирање во значајни акции и објекти во Скопје (улица “Водњанска”, Кеј “13 Ноември”, булевар “Маркс и Енгелс”, споменик на Мајка Тереза, инфраструктурни работи во неколку училишта, гимназии, факултети и села), како и во други градови во земјата  

РАБОТНО ИСКУСТВО

  • Основач на Кометал Трејд (Kometal Trade Gmbh) - Виена, Австрија (1991). Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар

ПРЕДХОДНО ИСКУСТВО

    • Прво вработување во Технометал - Македонија” во Скопје (1971)
    • Претставник на “Технометал - Македонија” во канцеларијата во Варшава
    • Вработување во швајцарската фирма “Ситко” во Виена (1989)
    • Претставник на “Ситко” во канцеларијата во Варшава
    • Член на Собранието на Република Македонија со статус на независен пратеник


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13538514