Сектор за финансиски прашања |
|
I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно измените и дополнувањата на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачитe на администрацијата на Град Скопје, Секторот за финансиски прашања ги врши следните наклежности: - работите поврзани со подготвувањето и извршувањето на буџетот на Град Скопје:
- управување следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средства во Град Скопје:
- водењето на сметководството на Градот Скопје:
- врши работи од областа на финансиското управување и контрола ( планирање,извршување,мониторинг, и известување):
- утврдување и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на Градот Скопје:
- ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи за Градот Скопје и општините во Градот Скопје, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското работење.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за финансиски прашања: | Крсте Андоновски | Телефон: | | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за финансии за приходи: | Андријана Манчевска | Телефон: | 3297 543 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител за сметководство и плаќање: | Снежана Митревска | Телефон: | 3297 246 | е-мail: | mitrevskasnezana@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот
|
IV. СЕРВИСИ Одделение за буџетска координација I. НАДЛЕЖНОСТИ го изготвува предлог буџетскиот календар во кој се утврдуваат роковите за планирање на буџетот на Град Скопје; го координира процесот на изготвување на буџетот за наредната година, а го изготвува врз основа на добиени предлози од раководителите на сектори кои дирекно одговараат на Градоначалникот на Град Скопје; ги координира добиените предлози од секторите по предлог буџетот за повеќегодишните проекции поврзани со буџетот и по предлог на градоначалникот го доставува до Советот на Град Скопје; изготвува предлозите за прераспределба на средствата помеѓу буџетски позиции во текот на буџетската година; подготвува и одобрува права за трошење со кои се врши распределба на буџетот помеѓу корисниците на буџетот на Градот Скопје; го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот; го координира процесот на развојот, воспоставувањето и спроведување на финансиското управување и контрола; дава предлози за воспоставување/ укинување на ex ante финансиската контрола со вршење на проценка на ризикот и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола; изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кој го одобрува градоначалникот; спроведува примена на законската регулатива од областа буџетското работење ; дава мислење на предлог актите што ги изготвуваат другите сектори во градот Скопје, кои имаат или можат да имаат финансиски импликации на буџетот; подготовува извештај за реализација на, програми, проекти и склучените договори; подготовка на извештај на активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола; врши сампроценка на оделни процеси на ситемот на финансиското управување и контрола; го подготвува Годишниот финансики извештај од член (47) од Законот за јавна внатешна финансиска контола; врши планирање и управување со ликвидноста; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за планирање на буџет: | Рина Петковска | Телефон: | 3297 246 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за буџетска контрола I. НАДЛЕЖНОСТИ контрола на извршување на буџетот; контрола на извршување на утврдените политики и оперативното управување ( надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола); следење на реализација на договорите за јавни набавки и спроведува ex – ante и ex- post финансиска контрола (документирана контрола на комплетната финансиска документација и нејзината исправност- фактури, ситуации, приемници, испратници и други документи, и нивната усогласеност со договорите. изготвување на информации и извештаи за извршување на буџетот; следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти,прописи и упатстав) од областа на финансиското управување и контрола; контрола на расположивоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврски; изготвува предлог завршна сметка на буџетот на Град Скопје; го подготвува годишниот извештај, чиј составен дел се завршна сметка, извештај за средствата, побарувањата, обврските и изворите на средства и нивната вредност, извештај за реализацијата на инвестиционите програми, наменските, капиталните и блок дотации и дотациите за делегирани надлежности и извештај од одговорниот сметководител со кој ја потврдува точноста и веродостојноста на годишната сметка; го реализира извршувањето на буџетот на Град Скопје; во законски утврдениот рок ги подготвува анализите и кварталните извештаи со образложение за извршување на буџетот на Град Скопје, што градоначалникот на Град Скопје ги доставува до Советот на Град Скопје и до Министерството за финансии; води буџетско сметководство согласно со Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници; управува со долгот и врши евиденција на побарувањата и обврските на Градот Скопје, како и следење и контрола на превземените обврски од страна на буџетските корисници во рамките на Буџетот на Град Скопје; подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
учествува во вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;
врши контрола на имплементација на утврдената Стратегија за ризици на Град Скопје и врши ревидирање на регистерот за ризици на Град Скопје;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделение за буџетска контрола: | Марина Штарго | Телефон: | 3207 542 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за сметководство и плаќање I. НАДЛЕЖНОСТИ - води сметководствената евиденција согласно со Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
- подготвува завршна сметка (биланс на состојба, биланс на приходи и расходи, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки /образложение кон финансиските извештаи;
- заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојбата;
- ex- ante сметководствена контрола на целокупната финансиска документација пред да се изврши плаќање согласно пишани процедури за сметководствените процеси;
- обезбедува точност и комплетност на сметководствената евиденција;
- сметководствено евидентирање на основните средства, евидентирање и наплата на побарувањето и евидентирање и плаќање на доспеаните обврски;
- врши пресметување на амортизација и ревалоризација;
- врши усогласување на средствата и изворите на средствата на книговодствената состојба со вистинската состојба;
- го спроведува прописот, благајничко работење и доставува налози за плаќање во трезор;
- води евиденција и врши пресметка и исплата на плати и други надоместоци за вработените во градската администрација, избраните и именуваните лица во органите на Градот Скопје;
- следење и примена на законската регулатива;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за сметководство и плаќање | Јулијана Тасиќ | Телефон: | 3297 355 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Утврдување и наплата на данок на промет наследство и подарок I. НАДЛЕЖНОСТИ - ги врши работите на утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок кои се приход на Градот Скопје и општините во Градот Скопје;
- ги регистрира во уписник даночните пријави за данок на промет, наследство и подарок ;
- изготвува налози за пресметка на основица за данок на промет ;
- изготвува решение за наплата на данокот на промет;
- изготвува решение по поднесени жалби;
- ги доставува поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ;
- Контрола на донесено решение;
- изготвува извештаи за поднесени даночни пријави на градот Скопје и општините на градот Скопје и ги доставува до надлежните институции;
- ги следи и применува законските прописи;
- дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
- врши други работи кои ќе му бидат поверени:
II. КОНТАКТ Раководител на одделението за данок на промет наследство и подарок | Ана Лакордова | Телефон: | 3207 539 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Утврдување и наплата на данок на имот I. НАДЛЕЖНОСТИ - ги врши работите на утврдување и наплата на данок на имот на градот Скопје и општините во Градот Скопје;
- ги регистрира во уписник даночните пријави за данок на имот;
- изготвува налози за пресметка на основица за данок на имот;
- изготвува на решение за наплата на данокот на имот;
- изготвува решение по поднесени жалби;
- ги доставува поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ;
- Контрола на донесено решение;
- изготвува извештаи за поднесени даночни пријави на градот Скопје и општините на градот Скопје и ги доставува до надлежните институции;
- го води регистарот на недвижен имот и регистарот на подвижен имот и редовно ја усогласува состојбата на регистарот на недвижен имот со регистарот кој го води Државниот завод за геодетски работи;
- податоците од состојбата на регистрите на недвижен и подвижен имот во законски утврдениот рок ги доставува до Централниот регистар на РМ и до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција;
- врши ажурирање на базата на податоци за присилна наплата;
- ги следи и применува законските прописи;
- дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
- врши други работи кои ќе му бидат поверени:
II. КОНТАКТ Раководител на одделение за утврдување и наплатана данок имот : | Анита Наков | Телефон: | 3207 546 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Утврдување и наплата на такси и други надоместоци I. НАДЛЕЖНОСТИ - ги врши работите на утврдување и наплата на таксите и други надоместоците кои се приходи на Градот Скопје;
- ги врши работите на утврдување и наплата на таксите и други надоместоците кои се приходи на општините во градот Скопје, што општините од Градот Скопје му ги довериле на Градот Скопје;
- врши месечна распределба на, таксите и други надоместоците кои се наплатени од даночната адмнистрација на Градот Скопје, а се приход на општините во Градот Скопје, согласно со критериуми утврдени со законски прописи;
- ги подготвува месечни и кварталните извештаи што Градот Скопје ги доставува до општините во Градот за наплатата и распределувањето на приходите;
- води регистар за комуналлни такси и други надоместоци и други регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните такси и други такси;
- ја води жалбената постапка на комунални такси;
- врши ажурирање на базата на податоци за присилна наплата на, такси и други надоместоци;
- ги следи и применува законските прописи;
- дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделение за утврдување и наплата на такси и други надоместоци: | Катерина Гичев | Телефон: | 3297 314 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за присилна наплата - ги врши работите за наплата на: данок на промет; данок на имот; комунални такси и други надоместоци кои се приходи на Градот Скопје и општините на градот;
- изготвувањ Опомени за неплатен на неплатен долг за даноците и таксите;
- изготвува Решенија за присилна наплата за даноците, таксите и другите надоместоци;
- врши контрола на изготвените Опомени и Решенија за присилна наплата;
- подготвува месечни и кварталните извештаи за платен долг од присилна наплата;
- подготвува месечни и кварталните извештаи за неплатен долг од присилна наплата;
- ја води жалбената постапка за присилна наплата;
- ги следи и применува законските прописи;
- дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.
Раководител на одделение за присилна наплата: | Александар Георгиевски | Телефон: |
| е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
|
|