|
Сектор: Правни работи | | I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005, 15/07 и 6/08) Секторот за правни работи: - ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа;
- ги подготвува прописите и актите од надлежност на Советот и градоначалникот на Градот Скопје;
- дава мислење за усогласеноста на прописите и актите со законите и другите прописи;
го застапува Градот Скопје во судските спорови пред надлежните судови и пред други надлежни органи; ја спроведува постапката за експропријација на недвижен имот заради реализација на работи од јавен интерес; ги подготвува и организира седниците на Советот на Град Скопје и на неговите комисии и седниците на Координативното тело на градоначалници; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Сектор за правни работи: | Зоран Лапевски | Телефон: | 3297 260, 3297 259 | е-мail: | zlapevski@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на секторот за правни работи: | Антони Малинов | Телефон: | 3297 395 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на секторот за правни работи: | Цветанка Соколова - Младеновска | Телефон: | 3297 398 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на секторот за правни работи: | Оливер Лазоски | Телефон: | 3297 398 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
Одделение за норматива | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за норматива: изготвува предлози на статут, деловник за работа на Советот на Град Скопје, деловник за работа на Координативното тело на градоначалници и предлози за нивни измени и дополнувања; изготвува одлуки и други општи акти во областите што не се во надлежност на другите сектори; учествува во изготвувањето на одлуките и општите акти од надлежност на другите сектори и задолжително дава мислење за усогласеноста на општите акти, договорите и поединечните акти што тие ги изготвуваат со законите и другите прописи; дава мислења на органите на Градот Скопје и секторите во рамки на градската администрација во врска со примената на законите и другите прописи; ја следи усогласеноста на одлуките и другите општи акти на Градот Скопје со законите и другите прописи и предлага соодветни активности за нивно усогласување; ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
Горе
| Одделение за правна заштита | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за правна заштита: го застапува Градот Скопје во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РМ; води регистар на судски и други предмети пред надлежните судови и други органи во РМ; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
Горе | |
|
|
|