Сектор за локален економски развој |
|
Сектор: Локален економски развој I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за локален економски развој: ги врши работите на планирање на локалниот економски развој; предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје; предлага мерки и активности за водење на локалната економска политика и развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото; се грижи за развојот и исполнувањето на законските обврски од надлежност на Градот Скопје во сферата на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата; предлага мерки за развој и поттикнување алтернативен и културен туризам; предлага мерки за подобрување на условите за престој на туристите во Градот Скопје и туристичко пропагандно информирање; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ Раководител на Секторот за локален економски развој: | Марко Тодоров | Телефон: | 3297 204 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за локален економски развој: | Александар Богоевски | Телефон: | 3297 272 3297 227 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за локален економски развој: | Идриз Ковачи | Телефон: | 3297 233 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
IV. СЕРВИСИ Горе Планирање на локалниот економски развој | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за планирање на локалниот економски развој: го планира локалниот економски развој на Градот Скопје и подготвува стратегија за локален економски развој на Градот Скопје; во соработка со другите сектори во рамки на градската администрација, предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје; предлага мерки и активности за водење на локална економска политика на ниво на Градот Скопје и особено дава стручно мислење за предлог одлуките со кои се утврдува висината на комуналните такси, висината на локалните даноци, за предлог програмите за изградба и одржување на комуналната и социјалната инфраструктура и другите прописи што имаат влијание врз локалниот економски развој; подготвува стратегија за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото; предлага активности и иницијативи за соработка со претставниците на деловниот сектор и нивните здруженија на ниво на Градот Скопје во креирањето на стратешките и развојните документи за локалниот економски развој; предлага иницијативи за градење на јавно-приватни партнерства; во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
|
Горе
Занаетчиство, угостителство и трговија | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија: предлага мерки и активности за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на подрачјето на Градот Скопје; подготвува стратегија за негување и развој на старите занаети; ги подготвува прописите за определување на работното време на занаетчиските дејности и за определување на местата за продажба на занаетчиските производи; води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат угостителска дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на Градот Скопје, како и за пријавувањето на угостителите што започнуваат со работа на нивно подрачје; ги изготвува одобренијата за вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект, на простор наменет, уреден и опремен за давање угостителски услуги (тераси и летни бавчи); ја изготвува предлог одлуката за утврдување на надоместок за давање услуги за угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор; ја изготвува предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти; ги подготвува прописите и актите со кои се утврдува земјиштето чија намена е кампирање и земјиштето што е привремено определно за кампирање, се утврдуваат местата за вршење конфекционирани угостителски услуги од физички лица, категоризацијата на објекти за издавање од страна на физички лица и други прописи и акти од надлежности на Советот и градоначалникот на Градот Скопје во согласност со закон; го подготвува предлогот на прописот за утврдување на работното време на зелените пазари за трговија на големо и мало; го подготвува предлогот на прописот за утврдување на стоки што може да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари; го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија во киосци, автомати и продажба од подвижни улични продавачи; го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија на мало и давање услуги во трговијата пред продавниците, односно деловни простори со одобрение и одобренијата што ги донесува градоначалникот на Градот Скопје; води евиденција на пријавите од трговците за исполнување на минимално-техничките услови за деловните простории и простории во кои се врши трговија и за започнување со работа на продажниот или друг деловен објект на трговецот; води евиденција за работното време на продавниците, магацините, складовите, бензинските станици и деловните простори на подрачјето на Градот Скопје; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
Раководител на одделение за занаетчиство, угостителство и трговија: | Февзи Мани | Телефон: | 3297 233 | е-мail: | fevzi.mani@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Горе | Туризам | I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за туризам: предлага стратегија за развој на туризмот во Градот Скопје; предлага мерки и дава иницијативи за проекти и активности за развој и поттикнување на алтернативниот и културен туризам; предлага годишна програма за општо туристичко пропагандно информирање и подобрување на условите за престој на туристите во Градот Скопје и ја обезбедува нејзината реализација; води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат туристичка дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на Градот Скопје, како и за пријавувањето на вршителите на туристичка дејност што започнуваат со работа на нивно подрачје; изработува пропаганден туристички материјал за туристичка промоција на градот Скопје;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Раководител на одделение за туризам: | Димче Смилев | Телефон: | 3297 372 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
|
Eнергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија I.Надлежности: Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр.3/2010, Одделението за Eнергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија: - ги следи и анализира состојбите во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија од надлежност на Градот предлага мерки и активности за нивно унапредување;
- ги следи меѓународните искуства во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и предлага мерки и иницијативи за нивна примена, односно адаптација на условите во Градот Скопје;
- одговорно е за организирањето на сите надлежности на Град Скопје во однос на Законот за енергетика;
- иницира идеи и дава предлози за конкретни проекти и активности од областа на енергетиката во надлежност на Градот;
- учествува или раководи со проектни тимови;
- организира, координира и учествува или непосредно изготвува предлог одлуки и други прописи, програми, анализи, информации и други акти;
- врши оцена на потребите за обуки и предлага насоки за стручно усовршување на вработените во одделението;
- ја следи и активно учествува во изготвувањето на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- ги дефинира плановите за реализација на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- изготвува тези за изработка и учествува во изготвување одлуки и други прописи поврзани со енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- активно го следи и координира изготвувањето на потребната инвестиционо – техничка документација за реализација на работите од својот делокруг и врши техничко-финансиски надзор со потребни испитувања и обезбедува технички прием на извршените работи;
- учествува во апликациите на Градот за учество на конкурси од странски субјекти од областа на делокругот од своето работење;
- изготвува стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје.
Раководител на одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија: | Иван Иванов | Телефон: | 3297 372 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
|
|