Сектор за планирање и уредување на просторот |
|
Сектор: Планирање и уредување на просторот | I. СТРУКТУРА II. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/5 и 15/7) Секторот за планирање и уредување на просторот: ги врши работите поврзани со организирање и спроведување на постапката за донесување на Просторниот план на Градот Скопје, Генералниот урбанистички план на Градот Скопје и постапката за донесување на деталните урбанистички планови на општините во Градот Скопје; уредување на градежното земјиште; утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје; реализација на програмите за изградба на инфраструктурни и капитални објекти; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ |
Раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот: | Никола Гаџовски | Телефон: | 3297 225 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот: | Аљоша Шопар | Телефон: | 3297 247 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот: | Александар Јанакиески | Телефон: | 3297 225 | е-мail: | Aleksandar.Janakieski@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште, подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности: | Бранислав Андонов | Телефон: | 3297 225 | е-мail: | Branislav.Andonov@skopje.gov.mk | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за просторно и урбанистичко планирање I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за просторно и урбанистичко планирање: изготвува предлог просторен план на Град Скопје; изготвува предлог Генерален урбанистички план на Град Скопје; дава стручно мислење за иницијативите за донесување измена и дополнување на просторниот план на Градот Скопје и генералниот урбанистички план на Градот Скопје, доставени од општините во Градот Скопје; стручно ги обработува мислењата по нацртите на просторниот план на Градот Скопје и генералниот урбанистички план на Градот Скопје; ги подготвува мислењата за предлог деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во Градот Скопје; го изготвува годишниот извештај за состојбите и промените во просторот што се доставува до надлежното министерство; дава предлог за утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје и ги подготвува согласностите за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје; изготвува нацрти и предлози на акти, стручно-аналитички, информативни и други материјали од областа на урбанизмот и просторното планирање; врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ Одделението за просторно и урбанистичко планирање: | Снежана Митовска | Телефон: | 3297 247 3297 269 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за изградба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07) Одделението за изградба на инфраструктурни објекти: ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежното земјиште ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежното земјиште ги реализира сите градежни објекти од Програмата и Буџетот за тековната година и подготвува градежна и финансиска документација за објекти од областа на нискоградба и друга слична инфраструктура учествува во подготовка на проектни задачи припрема на јавни набавки за изградба на ифраструктурни објекти ја следи јавната набавка и учествува во изборот на изведувач пја следи целокупната градба на инфраструктурни објекти при што подготвува соодветна техничка документација, градежни книги и технички прием пучествува во подготовка на Програмата и Буџетот за работа на секторот во тековната година изготвува извештаи за програмата и Буџетот за изминатата година врши и други работи што ќе му бидат доверени
II. КОНТАКТ Одделение за изградба на инфраструктурни објекти: | Владимир Стрезовски | Телефон: | 3297 388 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за уредување на градежно земјиште I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07) Одделението за Утврдување на градежно земјиште: ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите; учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежно земјиште; ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште; ги спроведува програмите подготвени од другите сектори во рамки на градската администрација во делот на изградбата на инфраструктурни и капитални објект; врши пресметка на надоместок за уредување на градежно земјиште; предлага утврдување зони на градежно земјиште; врши и други работи што ќе му бидат доверени
II. КОНТАКТ Одделение за утврдување на градежно земјиште: | Владо Баџаков | Телефон: | 3297-377 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот | Одделение за подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07) Одделението за Подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности: - Води евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје
- подготвува среднорочен и долгорочен план за управување со недвижниот имот на Град Скопје
- предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на Град Скопје
- ги потготвува одлуките на Советот на Град Скопје и договорите за издавање под закуп, продажба и купување на имот на Град Скопје
- учествува во преговорите и ја спроведува постапката за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес
II. КОНТАКТ Одделение за подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности: | Снежана Сотировска | Телефон: | 3297-368 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за техничка документација I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)
Одделението за техничка документација: барање на одобрение за градба, за високоградба и нискоградба; припрема и подготовка на документација за физибилити студии; припрема и подготовка за конкурсни идејни решенија; припрема и подготовка на документација за донации, инвестициони фондови, грантови и барања до банки; припрема на проектни задачи предлага јавни набавки за изготвување на проекти студии и елаборати контактира со проектанските фирми и ја следи нивната работа ги поднесува проектите на стручни ревизии изготвените проекти ги доставува до соодветните одделенија ја чува и евидентира целокупната документација на секторот
II. КОНТАКТ Одделението за просторно и урбанистичко планирање: | Димитар Гучев | Телефон: | 3297 385 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за имотно правни работи I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)
Одделението за имотно правни работи: врши проценки и подготвителни работи за изготвување предлози за експропријација и подготвува предлози за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес врши одземање на кориснички права остварува соработка со соодветните служби и подрачните единици за имотно правни работи на Министерството за финансии ги поднесува проектите на стручни ревизии изготвените спогодби ги доставува до одделението за припрема ја чува и евидентира целокупната документација на секторот
II. КОНТАКТ Одделение за просторно и урбанистичко планирање: | Весна Атанасова | Телефон: | 3297 368 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Одделение за урбана опрема I. НАДЛЕЖНОСТИ Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07) Одделението за урбана опрема: дава предлог за утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје и ги подготвува согласностите за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје; ги контролира и одобрува елаборатите за поставување на времени објекти и урбана опрема контактира со финансии за контрола на уплатените такси изготвува решенија за користење на времени објекти и урбана опрема изготвените решенија ги процесуира до Градоначалникот на одобрување врши консултации со општините во градот за изготвување на Годишна програма за времени објекти и урбана опрема
II. КОНТАКТ Одговорно лице: | | Телефон: | 3297 209 | е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот | | |
Одделение за проценка на недвижен имот Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07) Одделението за проценка на недвижен имот:
- утврдување на пазарна вредонст на недвижен имот;
- примена на методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
- утврдување на макро локација на зони, за секоја општина поедниначно согласно извршените продажби во тековната година;
- утврдување на фактичката состојба на терен согласно пријавениот имот;
- изготвување на записник, пресметка и извештај за проценетиот недвижен имот;
- постапување по жалбена постапка за проценетиот недвижен имот од данок на промет, наследство и подарок и данок на имот;
- изготвување на годишен ригистар на продаден и стекнат недвижен имот, согласно методологијата за утврдување на пазарна вредност;
- ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа.
КОНТАКТ: Раководител на одделение за проценка на недвижен имот: | Викторија Симионска | Телефон: |
| е-мail: | | Работно време: | 08.30-16.30 часот |
|
|
|