I. Структура:
II. Надлежности:
Согласно со Член 13а од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005, 15/07, 06/08 и 19/08) Секторот за образование:
ги следи работите во средното образование во градот; врши анализа на состојбите и дава иницијативи и предлага мерки и активности за нивно унапредување и решавање на проблемите; врши работи поврзани со основањето на јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни; врши работи поврзани со планирањето на финансирањето и учеството на претставниците на Градот Скопје во органите на управување во јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни; ги следи состојбите и дава предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје; предлага мерки и активности за подигање на нивото на ученичкиот стандард; дава информации и податоци во врска со активностите на Градот Скопје во сферата на средното образование; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. Контакт
Раководител на Секторот за образование: | Даниела Адамова |
Телефон: | |
е-мail: | |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
Помошник раководител на Секторот за образование: | Маја Талеска |
Телефон: | 3297 323 |
е-мail: | MajaTaleska@skopje.gov.mk |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
I. Надлежности:
- изготвува анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во средното образование во градот Скопје;
- подготвува предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на јавните средни училишта и на ученичките домови;
- прибира податоци и прави анализи на предлозите на училиштата за запишување ученици во прва година средно образование;
- подготвува предлог за запишување ученици во јавните средни училишта и за запишување и прием на ученици во ученичките домови;
- изготвува извештаи за реализација на уписната политика;
- подготвува предлог за формирање паралелки со помал број ученици во јавните средни училишта;
- устројува евиденција за опфатот на децата во средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите;
- ги следи состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на средното образование;
- подготвува предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредни состојби;
- изготвување предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје;
- покренува иницијативи за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојните јавни средни училишта за задоволување на посебните потреби на Градот во согласност со потребите на пазарот на трудот;
- иницира активности за воннаставни активности во јавните средни училишта;
- води регистар на средните училишта и на ученичките домови
на подрачјето на Градот Скопје;
- дава стручно мислење по предлозите за основање јавни средни
училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
- работи на давање согласности за нови вработувања на наставен и ненаставен кадар во јавните средни училишта;
- подготвува предлог за покренување постапка за престанување со работа на јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
- предлага мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови;
- предлага мерки и активности за подобрување на функционалните аспекти на училишните згради и нивото на опременост на јавните средни училишта;
- презема активности поврзани до доквалификација и преквалифика- ција на возрасни лица;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II.Контакт
Раководител на одделение за образование: | |
Телефон: | |
е-мail: | |
Работно време: | 08.30-16.30 часот |
- врши работи поврзани со ученичкиот стандард (обезбедување на сместување, исхрана, стипендии и други потреби на учениците во ученичките домови);
- ги следи кадровските, просторните и инфраструктурните состојби на објектите на јавните средни училишта;
- устројува и води база на податоци за кадровската структура на јавните средни училишта во функција на реализација на месечните трансфери на средства до училиштата за исплата на плати и надоместоците на плати;
- ги следи состојбите поврзани со финансиските средства за покривање на реалните трошоци и подготвува предлози за распределба на средствата од дотации за тековно одржување на јавните средни училишта на подрачјето на Град Скопје;
- го подготвува предлогот за усвојување на годишниот финансиски план и предлогот за усвојување на годишните сметки на јавните средни училишта и на ученичките домови;
- спроведува активности за целосно следење на реализацијата на училишните буџети;
- врши работи на пресметка на вкупните трошоци по ученик и по вработен сумарно и за секое училиште одделно (поврзани со висината на цената на образовните услуги);
- устројува и води база на податоци за состојбата на училишните објекти и нивната опременост;
- предлага мерки и активности за рационализација на трошоците за тековно одржување на училиштата;
- врши работи на обезбедување средства за инвестициони зафати во јавните средни училишта и ученичките домови;
- води постапки за основање, односно престанување со работа на јавни средни училишта и на ученичките домови;
- го следи спроведувањето на постапките по огласите за избор на директори на јавните средни училишта и на ученичките домови;
- врши и други работи кои произлегуваат од годишните програми за активностите на Градот Скопје од областа на образованието;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени.