ги води персоналните досиеја за сите вработени во градската администрација;
ги подготвува одлуката за организација, делокруг и начин на извршување на работите на градската администрација и правилникот за систематизација на работните места во градската администрација;
соработува, ја реализира комуникацијата и го координира спроведувањето на обврските на Градот Скопје како работодавец во постапките за вработување државни службеници во градската администрација со Агенцијата за државни службеници;
ги подготвува актите и решенијата за вработување државни службеници во градската администрација;
ги подготвува решенијата за државните службеници поврзани со распоредување, плати, годишни одмори и други отсуства, престанок на работниот однос и со други права на државните службеници согласно со Законот за државните службеници;
ја координира и дава упатства за спроведувањето на постапката за оценување на државните службеници во градската администрација;
дава совети и упатства за спроведување на одредбите од Законот за државни службеници во однос на управувањето со човечките ресурси и остварувањето на правата и должностите на државните службеници;
води евиденција за реализираната обука на државните службеници и другите вработени без статус на државни службеници во градската администрација;
подготвува предлог годишна програма за обука на државните службеници и предлог годишна програма за обука на вработените без статус на државни службеници во градската администрација;
ги доставува ДС обрасците до Централниот регистар на државни службеници што го води Агенцијата за државни службеници;
соработува со Агенцијата за државни службеници во однос на сите прашања поврзани со реализација на одредбите од Законот за државни службеници;
ги објавува огласите за вработување на лица без статус на државни службеници во градската администрација и го координира спроведувањето на постапката за вработување на овие лица;
ги подготвува решенијата поврзани со распоредување, плати, годишни одмори и други отсуства, престанок на работниот однос и со други права на вработените без статус на државни службеници, согласно со општите прописи за работни односи;
го врши пријавувањето на вработените заради социјално и здравствено осигурување;
дава предлози за унапредување, модернизирање и зголемување на ефикасноста на организацијата на градската администрација и начинот на извршување на задачите;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.