MK
|
EN
|
SQ
www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Дома
Градоначалник
Совет
Администрација
Контакт
Е-Јавни набавки
Буџет и извештаи
Меѓународна
соработка
Меѓународни проекти
Соработка со НВО
Почесни граѓани
“13 Ноември“
Времето во Скопје
Прогноза
Јове Кекеновски
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ
1995 - 1996
ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Датум на рагање: 06.09.1962 година во с. Љубанци, Скопско
Статус: Оженет е, татко на три деца
ОБРАЗОВАНИЕ
10/03/2004 - Докторската дисертација од областа на локалната самоуправа на тема: “Учеството на граѓаните во политичките процеси на одлучување на локално ниво во Република Македонија“ на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања - Скопје, со што се здобива со титулата д-р по политички науки
21/09/2001 - Со титулата Магистар по политички науки се здобива одбранувајќи ја темата “Политичкото одлучување при креирање на станбената политика во Република Македонија“, на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања - Скопје
1999 (јуни) - Специјализирал политички науки, оддел - Применета политика и администрација, на Институтот за социолошки и политичко правни науки во Скопје, на тема “Станбената политика и станбеното прашање во Република Македонија, со посебен осврт на Скопје“
1990 - Дипломира на Правниот Факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, оддел правосудна насока
Основно и средно образование (гимназија) завршува во Скопје
ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН
од 15/02/2006 - Професор по предметот Царинско право на Институтот “Пјетр Буди“ во Приштина и професор по предметот Локална самоуправа на интердисциплинарните студии по Јавна Администрација на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ - Битола
од 01/10/2005 - Доцент по предметите Современи политички системи и Локална самоуправа на American College - Скопје
од 2005 - Доцент по предметите Наука за политика, Компаративни уставни и политички системи и Политички систем на Факултетот по Општествени Науки - Скопје
2001 - 2002 - Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање
ноември 1996 - октомври 2000 - Претседавач на Советот на Град Скопје, а истовремено ја врши функцијата Претседател на домот на Советите на Заедницата на единиците на локална самоуправа на РМ и Потпретседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
јуни 1995 - ноември 1996 - Претседател (Градоначалник) на Собранието на Град Скопје
септември 1994 - јуни 1995 - Секретар на Собрание на Општина Чаир
февруари 1994 - септември 1994 - Референт во Стручната служба на Собранието на Општина Чаир
1991 - 1993 - Потпретседател на Собранието на Град Скопје
ОПШТЕСТВЕНИ АКТИВНОСТИ
март 2002 - декември 2002 - Член на Управниот одбор на ЈП за управување со Хидросистемот “Дојранско Езеро“
февруари 2002 - декември 2002 - Член на Управен одбор на Дирекцијата за слободни економски зони
мај 2001 - јуни 2002 - Претседател на бордот за управување со Охридско Езеро во рамки на Проектот за заштита на Охридското Езерo
за време на извршувањето на функцијата државен секретар, член е на бордот на Регионалниот еколошки центар за Република Македонија
септември 1999 - септември 2003 - Член е на Управниот одбор на Здружението за заштита на авторски права на Република Македонија
1994 - 1995 - Претседател е на Сојузот на естрадни уметници на Македонија
март 1997 - февруари 2001 - Претседател е на Управниот одбор на Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје (ЈСП - Скопје)
Факти
Симболи
Мапа
Поважни телефони
Корисни линкови
|
Најава
Администрација
|
Контакт
|
Прашања
|
Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13659171