MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Анкета за подобрување на услугите на Град Скопје

Град Скопје во соработка со УНДП отвора Центар за иновации во Град Скопје кој ќе работи на подобрување на работата и услугите на Град Скопје со цел квалитетно да одговори на потребите на граѓаните.

Во оваа фаза одговарање на една кратка анкета ќе помогне Центарот правилно да ги насочи своите активности и поради тоа Град Скопје замолува да одвоите 10 мин. од вашето време и да го одговорите следниот Анкетен прашалник.

Прашалникот е составен од 10 прашања и за одговарање на истиот ви се потребни мак.10 мин.

Вашите одговори се анонимни и се од големо значење за успешно функционирање на Центарот и неговата одржливост.

Краток опис на Центарот за иновации

Која ќе биде целта на Центарот за иновации на Град Скопје?

  • да ја подобри комуникацијата на Градот со граѓаните,
  • да ја подобри ефективноста и ефикасноста на јавната администрација
  • да поттикне желба за учество во дизајнирање и креирање на услуги/политики кај двете страни (јавната администрација и корисниците -граѓаните, НВО, бизнис секторот, образовниот сектор)
  • да ги подобри постоечките услуги кои ги нуди градот
  • да поттикне дизајнирање и тестирање на нови услуги/проекти/производи од страна на сите актери

 

Со цел да се одреди првичната насока во која треба да се движат активностите кои ќе ги реализира Центарот, Град Скопје работи на мапирање на потенцијални области/сектори каде има можност за подобрување на испораката и квалитетот на услугите.

Покрај интерна анализа на работењето, Град Скопје сака да го слушне и мислењето на корисниците на своите услуги за што врши спроведување на оваа анкета. 

  


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13716155