|
врши работи поврзани со обезбедувањето услови за развој на квалитетен спорт во градот Скопје, организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за градот Скопје, изградба и одржување на спортски објекти од значење на градот Скопје, институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности, организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво, одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје со спомен обележја, остварувањето на социјална грижа за категории лица определени со закон, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи домови за стари слица и детски одморалишта, преземањето мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, здравствен надзор над животната средина и над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје. Одделение за култура: - подготвува програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје;
- подготвува програма за негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности;
- подготвува програма за организирање културни манифестации;
- подготвува програма за поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- подготвува програма за одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје со спомен обележја;
- ја подготвува одлуката за подигање, чување, заштита и користење на спомен обележја и другите прописи од надлежност на Советот на Град Скопје;
- го води регистарот на спомен обележја и доставува извод од регистарот при секој упис или промена до надлежното министерство;
- иницира и ја спроведува постапката за основање локален музеј и библиотека.
Одделение за социјална, детска и здравствена заштита: - предлага програми за основање, управување, финансирање и одржување на установи за институционална и вонинституционална социјална заштита;
- предлага преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- предлага мерки и активности за здравствено воспитување;
- предлага мерки за унапредување на здравјето и превентивни активности;
- предлага мерки за вршење надзор над заразните болести;
- предлага мерки за помош на пациенти со специјални потреби;
- остварување на социјална грижа за лица со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, стари лица, деца од еднородителски семејства, деца на улица, лица изложени на социјален ризик, лица засегнати од злоупотреба на дрога и алкохол и други ранливи категории граѓани;
- унапредување на здравјето на населението, промовирање на здрави стилови на живеење, подигнување на јавната свест и здравствената култура со цел намалување на опасностите и здравствените проблеми кај граѓаните;
- промоција и унапредување на правата на пациентите како и обезбедување стручна и техничка помош во работата на Комисијата и Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје,
- поддршка на здравствени сервиси и услуги;
- изготвување стратегии, програми, проекти и правилници од областа на социјална, детска и здравствена заштита како и преземање на мерки и активности за унапредување на социјалната, детска и здравствена заштита во градот Скопје;
- предлагање иницијативи за преземање активности за подобрување на состојбата со еднаквите можности и недискриминацијата.
Одделение за спорт и млади: - на предлог на Сојузот на спортови на градот Скопје, подготвува програма за организирање на спортски приредби и манифестации, поддржување на системот на натпревари на општинско и на ниво на градот Скопје во определени спортови и категории, поддржување на традиционалните спортски натпревари и манифестации од национален и меѓународен карактер, поддржување на училишниот и студентскиот систем на натпревари, системот на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби, како и масовните спортско-рекреативни активности на граѓаните;
- подготвува програма за развој на масовниот спорт и рекреативните активности на граѓаните, опфатени во програмите на спортските и спортско-рекреативните клубови, во реализација на училишниот и студентски спортски систем, спортот за сите и особено спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби;
- подготвува програма за одржување и изградба на објекти за спорт, одржување, користење и опремување, планирање и изградба на современи спортски објекти;
- го подготвува предлогот за утврдување на мрежата на спортските објекти и нивно класифицирање;
- го подготвува предлогот за определување рекреативни зони за масовно спортување;
- подготвува програма за поддршка на Сојузот на спортови на градот Скопје;
- дава стручно мислење за извештајот на Сојузот на спортови на градот Скопје за исполнување на програмите и роковите утврдени во нив;
- го подготвува предлогот на прописот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Градот Скопје;
- извршува анализа и дава насоки по однос на прашањата од областа на младинската политика во градот Скопје;
- учествува во извршувањето на анализи и стручно-оперативни работи при разгледување на прашања поврзани со проекти и манифестации од областа на младите во градот Скопје;
- дава иницијативи и ги разгледува прашањата поврзани со организација на едукативно-образовни прогарами на младите.
|
|
|