MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Информација за свечено потпишување на Кодекс

На ден 30 јули, 2019 во хотел Александар Палас, Скопје во рамки на Проектот финансиран од ЕУ: „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор“ се одржа свечено потпишување на Кодекс и доделување  на сертификат „Фер  со потрошувачот„ на 45 компании.  „ Фер со потрошувачот„  е сертификатот  со кој компаниите можат на едноставен начин да им потврдат на потрошувачите дека се грижат тие да бидат задоволни со нивните производи и услуги и дека имаат фер однос кон нив. Од друга страна пак, сертификатотим сигнализира на потрошувачите дека компанијата обрнува внимание на влијанието што нејзините производи и услуги го имаат врз животната средина.

Идејата за воведување на ваков сертификат произлезе од  три граѓански организации : Организација на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи - Зенит  и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“,.

Настанот го поздравија: Министерот за економија, г-дин Кресник Бектеши, и претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија г-ѓа  Маријана Лончар Велкова.

Во своето излагање министерот наведе дека во насока на поддршка на политиката за јакнење на конкурентноста,  Министерството за економија преку Програмата за конкурентност иновации и претприемништво, ги поддржува компаниите за воведување на сертификатот „Фер со потрошувачот“, развиен со финансиска поддршка од ЕУ преку  Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор“ .

Во работниот дел на настанот се одржаа два панели, од кои на првиот панел  беа презентирани резултатите од спроведениот модел на соработка со граѓанските организации и бизнис секторот,  а вториот панел ги опфати политиките за заштита на потрошувачите поврзани со другите политики кои се однесуваат на: заштита на животната средина,  локален економски развој, конкуренција,  иновации и образование.

Во рамки на локалниот економски развој  од страна на Секторот за локален економски развој (ЛЕР) настанот го поздрави г-дин Александар Богоевски - Помошник раководител на Сектор за локален економски развој кој го изрази своето задоволсто да биде еден од презентерите на овој настан што е поддржан од страна на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје преку Програмата за заштита на потрошувачите за 2019 година, каде се превидени активности кои се однесуваат на почитување на правата на потрошувачите и воспоставување фер пазарни практики преку потпишување на Кодекс и спогодбено решавање на споровите.

Во поглед на доделувањето сертификат за фер со потрошувачот г-дин Богоевски истакна дека:„ тоа е активност која Град Скопје ја поддржува, особено поради потребата од сузбивање на нечесната пазарна практика со која сме соочени. Оваа тема е всушност една од најактуелните теми од областа на потрошувачкото право која беше претставена и минатата година во рамките на проектот. Од тие причини со Програмата за заштита на потрошувачите се поддржува потпишување на Кодекс за фер однос кон потрошувачите и доброволнo усвојување на практики од страна на претпријатијата кои ќе придонесат за подобро почитување на правата на потрошувачите“.

Во името на Градот Скопје, Советот за заштита на потрошувачите и ЛЕР г- дин Богоевски им честита на компаниите на кои им се доделува сертификатот „Фер со потрошувачот“ и изрази надеж дека и во иднина ќе се промовираат и други компании кои сакаат преку фер однос со потрошувачите да ја стекнат нивната лојалност и да ја подобрат конкурентноста.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13475476