MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Информација од одржан состанок 07.11.2016г.

На 7-ми Ноември 2016 година во просториите на Регулаторна Комисија за Домување –РКД, Претседателот на Совет за заштита на потрошувачите на Град Скопје, Г-динот Марјан Додовски заедно со членовите на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје (Славка Каленикова од ССК, Виолета Лукановска од ДПИ, Стоиле Костадиновски од ЈСП Скопје, Дритон Ќерими од ЈП Комунална хигиена, Сашо Ивановски од КОР), Претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) -Марјана Лончар Велкова и претставникот од Град Скопје-Билјана Стојмановска одржаа работен состанок со Претседателот на Регулаторна Комисија за домување, Г-динот Ракиб Малоски и членовите на Регулаторна Комисија за домување (Јасмина Петреска, Илија Китановски, Башким Алили, Љубиша Корабовски и Катерина Диневска).
Претседателот на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје (Советот) на средбата со претставниците на Регулаторна Комисија за домување ја истакна работата на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје во кој членуваат претставници од Совет на Град Скопје, јавни претпријатија, ДПИ, ССК и НВО, кој работи согласно донесената двегодишна Програма за заштита на потрошувачите на Град Скопје. Воедно Г-динот Марјан Додовски истакна дека пристигнатите поплаки од граѓаните се разгледуваат од страна на членовите на Советот на потрошувачи на седниците и истите се упатуваат до соодветна институција на разгледување и решавање на проблемот на граѓаните. Па така дел од пристигнатите поплаки се однесуваат на потрошувачка на вода, пристигнати високи сметки за купени услуги, купување неисправни производи или брзо расипување на истите, купување на огревни дрва и нивна ненавремена испорака, како и поплаки во врска со миленици во станбени згради и издавање на станови во станбени згради од страна на физички лица, вршители на угостителска дејност. Претседателот на Совет на потрошувачи на Град Скопје исто така ја истакна важноста на соработката на овој Совет со ОПМ и реализирањето на значајни заеднички активности и проекти кои се во интерес на заштитата на потрошувачите. Воедно беше истакнато дека се организирани повеќе работилници, обуки, како и во соработка со ОПМ изготвен е „Водич низ комунални услуги на град Скопје“ и две брошури на темите:„Домување“ и „Време за патување“ која ги обработува туристичките патувања. Претседателот на Совет на потрошувачи на Град Скопје исто така истакна дека е склучен меморандум за соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска Комора на Северо-западна Македонија во делот на заштитата на потрошувачите во областа на туристичко-угостителските услуги.


Претседателот на Регулаторна Комисија за домување, г-динот Ракиб Малоски истакна дека Законот за домување е рамка која институционално го уредува работењето и на Регулаторната Комисија за домување, која работи релативно мал период за да се согледаат сите проблеми во оваа област. Тој истакна дека постојат лиценцирани управители, кои добиваат лиценца доколку исполнуваат услови согласно законот, и дека Регулаторната Комисија за домување нема ингеренции да одземе лиценца, освен во случај на доставен записник од општински инспектор за домување. Во контекст на ова беше напоменато дека ставот на Регулаторната комисија за домување е дека овие услови кои треба да ги исполни управителот за да добие лиценца се минимални и е евидентна потребата од прецизирање на овие услови и промени во овој дел. Имено и Градоначалниците преку општинските инспектори за домување немаат интерес да достават записник до Регулаторна Комисија за домување за казнување и одземање на лиценца на управители, бидејќи нема фидбек, тие имаат трошок за спроведување на инспекцискиот надзор на правното лице, а приходот не оди во општината туку директно во буџетот на државата. Претседателот на РКД исто така истакна дека е пожелно да се најде некој прифатлив начин на опомена на управителите, со што сака да напомене дека целта на Регулаторната комисија за домување не е по секоја цена да се казнуваат управителите. Воедно беше истакнато дека на Веб страната на Регулаторната комисија се објавени сите лиценцирани управители, додека групацијата на управители е во рамки на ССК. Г-динот Ракиб Малоски истакна дека во некои станови нема управители, и таму каде што нема незадоволството на станарите е поголемо, отколку таму каде што има управители. Исто така напомена дека доколку постои причина за покренување на тужба за неплатен долг, ретко соседите се решаваат да се тужат меѓусебно за да не се замерат едни со други.

Од страна на претседателот на РКД беше истакнато дека во иднина и преку ЗЕЛС може да се реализираат активности и решаваат проблеми од оваа област. Исто така беше истакнато дека оваа дејност опфаќа околу 30-40 фирми, што не е доволно. Воедно е значајно да се систематизираат проблемите од сите страни, управители, министерства, ОПМ, совети на потрошувачи, НВО, ССК и да се предложат корекции и измени во законот за домување, а со тоа да се увиди кои обврски ќе произлезат од секоја институција.
Од страна на Претседателот на ОПМ, Г-ѓа Марјана Лончар Велкова беше истакната важноста на улогата на Регулаторната Комисија за домување, како и важноста на соработката помеѓу Регулаторната комисија за домување, Советот за заштита на потрошувачи, ОПМ, лиценцираните управители, здружението на управители, станарите, ССК,се со цел да се согледаат проблемите на станарите и да се предложат законски измени за подобрување на живеењето во станбените згради. Воедно беше предложено да се спроведе анкета за тоа колку станарите се задоволни од управителите, а со добиените резултати од анкетата да се изнајдат начини за решавање на проблемите на станарите и подобро функционирање на куќните совети, како еден од начините за подигнување на свеста и културата во станбените згради. Имено анкетата би се спровела со поддршка на управителите и Регулаторната Комисија за домување. Во тие рамки потребна е поврзаност помеѓу управителите, куќните совети и Регулаторна Комисија за домување заради информирање на самите станари и спроведување на советување и едукативна средба на сите управители, но и промовирање на Закон за домување пред управители и запознавање со нивните
права. Воедно беше истакнато дека управителите не издаваат средства во резервниот фонд за лифт и во случај да се расипе лифт се собираат дополнително средства од станарите, по што се поставува прашањето: Зошто воопшто постои тој резервен фонд, доколку не се користи во вакви случаи? Г-ѓа Марјана Лончар истакна дека до ОПМ постојано стигнуваат жалби од граѓани, кои исто така се жалат и до управителите, но евидентно е дека слухот на управителите за проблемите на овие потрошувачи е многу мал.
Сашо Ивановски од НВО КОР истакна дека во поголем дел од светот куќните совети се регистрирани како правно лице и истите може да земат кредит од банка за поправка на кров, лифт и сл. Исто така наведе дека постојат голем број на случаи во Р. Македонија каде што станбената зграда се управува од куќен совет и дека и тој начин на управување може да функционира беспрекорно доколку добро се постават работите. Кредитот одобрен од банките за поправки кои чинат многу пари се одличен начин (и можеби единствен) за реновирање на старите згради во кои има технички неисправни лифтови (согласно новите правилници). Од страна на Стоиле Костадиновски од ЈСП Скопје беше дадено предлог да се разговара за постоење фонд за системи за соларна енергија.
По исцрпната дискусија, Претседателот на Советот на потрошувачи на Град Скопје, Г-динот Марјан Додовски предложи да се организира состанок на кој ќе бидат поканети претставници од РКД, групацијата на управители, совети на потрошувачи, ССК, на кој ќе произлезат коментари и видувања за оваа проблематика, како и предлози за измени на членовите на постојниот Законот за домување во насока на подобро функционирање на куќните совети и подобар живот на сите станари во станбените згради.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13475461