MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ТАЈНИТЕ КУПУВАЧИ ВО ПОТРАГА ПО НАЈДОБРИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ Ве известуваме дека Град

Ве известуваме дека Град Скопје по дванаесетти пат го поддржува проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“.

Проектот опфаќа таинствено користење на услугите (mystery shopping) во угостителските објекти на подрачјето на градот Скопје. Посетите на објектите од независни и тајни купувачи се со цел да се измери квалитетот на услугата којашто ја даваат угостителските објекти во градот.

За реализација на овој проект избрани се 160 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, кои со околу 500 посети (во периодот од 01 до 30 септември 2019 година) од независни и објективни тајни купувачи ќе бидат оценети според неколку критериуми: прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, три најдобри lounge & мезе барови, како и три најдобри кафе барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата.

На најдобрите ќе им биде доделено јавно признание во форма на плакета.

Назад   

Креиран од adminvm на 24.9.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13349000