MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа есенска акција за генерално чистење на општината Чаир. Во оваа акција рачно и машински ќе се мијат и метат главните и сервисните улици, ќе се отстрануваат дивите депонии, а ќе се чистат и дворовите на сите образовни институции во оваа скопска општина.

Почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу и познатиот олимписки шампион во борење - Шабан Трстена, со посета на ООУ „Цветан Димов“, каде што беше организирана екоманифестација и предавање за совесното и правилно постапување со отпадот.

- Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска организира активности за чистење на дворовите на основните и средните училишта, како и на дворовите на градинките во општината Чаир. На овој начин, сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај најмладата популација, дека хигиената и чистотата зависат од сите нас. Секој со своите постапки може да придонесе за заштита на животната средина, а најдобрата почетна точка е чистењето и одржувањето на хигиената во својот двор и непосредната околина каде што живееме, учиме и работиме - изјави директорот Шабани.

 

Назад   

Креиран од adminvm на 26.9.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13349027