MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ОСЛОБОДЕН И УРЕДЕН УШТЕ ЕДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА ПЕШАЦИТЕ И ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ
 

 

Екипите на Град Скопје изминатиов период  уредија и ослободија од возила уште еден јавен простор во Центар. Пешачката патека спроти Соборниот храм којашто беше блокирана за движење на пешаците од паркираните возила сега е преуредена и ослободена од возила на задоволство на граѓаните.

На тротоарите се поставени столпчиња коишто го спречуваат паркирањето на возила, а оштетениот  асфалт од патеката е заменет со нов плочик. Во средишниот дел на оваа  пешачка патека е засадено зеленило, а ќе се  поставени  и нова урбана опрема.

Екипите на Град Скопје полека, но сигурно го менуваат  изгледот на градот на начин што обезбедува сериозно повисоки стандарди за квалитет на урбаните јавни простори, по стандардите на европско Скопје. Нашите сограѓани заслужуваат подобрување на условите за живот.


 
Назад   

Креиран од adminvm на 04.10.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13349012